ВМРО-ДПМНЕ: За истите лаги на СДСМ Петковски заработи тужба

Наместо да одговорат на коректните и јасни прашања, што ВМРО-ДПМНЕ ги постави до Радмила Шеќеринска, СДСМ одлучи да ја манипулира јавноста со груби лаги.

За исто вакво тврдење господинот Тито Петковски доби тужба и ќе мора пред суд да ја докажува својата лага.

 

Грубите измислици и лаги како напад врз ВМРО-ДПМНЕ, не се одговор на прашањето што ние и го поставивме на Радмила Шеќеринска, а тоа е: каков е тој компромис, кој Грција би го прифатила, а нема да ги загрози националните и државни интереси на Република Македонија?

(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ)