Струмичанка преживеала хорор: „Ако ми раскинеш ќе ја објавам секс-снимката"

Струмичанка преживеала вистинска драма. 28-годишниот В.С. од Владевци си заработи кривична и осум дена притвор бидејќи сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според податоците од полицијата, тој снимал видеоклип, помеѓу него и струмичанката, кој бил со компромитирачка содржина, за што подоцна и се заканувал дека доколку ја прекине врската со него снимениот материјал веднаш ќе го објави преку социјалните мрежи и дека ќе настрада нејзиниот внук, а откако се скарале, видеото навистина го објавил на социјалните мрежи.

Инаку струмичанецот на полицијата од претходно и е познат како сторител на кривични дела.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа