Две страшни сообраќајки, деветмина повредени - битолчанец со скршеници во болница

СВР-Битола соопшти дека синоќа во градот се случиле две сообраќајки во кои лесно се повредени седум лица, а две се задржани на лекување во Клиничка болница.

Во двете сообраќајки учесници се момчиња од 20 до 30 годишна возраст од Битола и Прилеп, а причините за сообраќајките се истражуваат, истакна Сања Стаматова портпарол на СВР-Битола.

- Првата сообраќајна незгода се случи на булеварот „1. Мај“, на раскрсницата со кружен тек, односно на местото викано „Црн Мост“. Во сообраќајката учествувале две патнички возила - „хјунадаи пони“  со битолски регистерски таблици и „фолксваген голф“ со прилепски регистерски таблици. Во двете возила имало по четири патници, сите претрпеле лесни телесни повреди, а едно лице е задржано на лекување во Клиничка болница-Битола, потврди Стаматова.

Во втората сообраќајна несреќа што синоќа се случи на улицата „8.Септември“ во Битола, учествувале момчиња, а едното од нив заради скршеници е задржано на лекување.

- Втората сообраќајка се случи во населбата Горно Оризари на ул.„8. Септември“, а во неа учествувале возач на моторцикл марка „јамаха“ и возач на „форд фокус“ и двајцата од Битола. Заради скршеници моторциклистот е задржан на лекување во Клиничката болница, додека возачот на патничкото моторно возило е пуштен дома. И за оваа сообраќајка нашите екипи поведоа истрага, посочи Стаматова.

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега