Детската игра се претвори во трагедија: Почина 5-годишното детенце врз кое падна капија

Трчкале на улица, се слушала смеа и детски џагор, а одеднаш моментот се претворил во трагедија кога врз 5-годишниот Зиљкиќ се срушила капија додека играл со своите  другарчиња. За жал, иако докторите дале натчовечки напори да го спасат петгодишното момченце од Нови Пазар, сепак тоа им подлегнало на тешките повреди со кои се здобило пред четири дена.

- Си играле како и секој ден, трчале на улица кога одеднаш врз него се срушила метална капија од куќата на соседот. Како дојде до тоа не знаеме, капијата е нова и ништо не наговестуваше на трагедија, вели извор за српскиот Курир.

Несреќното детенце кое давало знаци на живот, било извлечено од под капијата и итно пренесено во болница. Лекарите направиле се да го спасат, но по четири дена борба за неговиот живот, тоа сепак заминало во смрт.

Оваа вест го потресе регионот.

 

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега