Санадер излегува од затвор со кауција

Судскиот совет на Врховниот суд на Хрватска ја укина неправосудната првостепена пресуда за поранешниот премиер и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер, за корупцискиот скандал со „случајот Фими медиа“ и одреди кауција за негови излегување од притвор, јави ХРТ.

Санадер е во затворот Реметинец врз основа на пресудатa за „Фими медиа“, односно во така наречен облигаторен притвор, кој во согласност со законот може да им се одреди на сторителите на кои им е изречена неправосилна затворска казна поголема од пет години.

Врховниот суд вчера ја заврши тридневната седница на која се расправаше за жалбите во најголемата корупциска афера во хрватската политика - „случајот Фими медиа“, во која покрај Санадер за извлекување на пари од државните институции и фирми неправосилно е осудена и неговата поранешна партија ХДЗ.

 

 

Оцени ја веста

01.10.2015 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега