Мареј по 77 години им ја донесе на Британците титулата на Вимблдон

Енди Мареј стана нов шампион на Вимблдон по победата на Србинов Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови односно (6:4;7:5 и6:4) . Британецот го доби мечот за три часа и десет минути игра. 

Со ова Мареј направи вистински подвиг прекинувајќи го 77 годишниот пост на Британците на овој турнир. Последен Британец со триумф на Вимблдон, пред Мареј беше Фред Пери 1936 година. 
 
За Мареј ова е втора Грен Слем титула во кариерата.
 
Во првиот сет Британецот направи еден брејк повеќе од Ѓоковиќ, а решавчкиот момент во сетот беше седмиот гем.

Во вториот сет имаше многу повеќе борба и пресврт. Ѓоковиќ почна добро поведе со 4-1, но потоа Мареј го врати гемот загубен на свој сервис, а потоа и во 11.гем направи нов брејк за водство од 6-5 и сетот го заврши со 7-5.

Најнеизвесно беше во третиот сет. Мареј поведе со 2-0, Србинот  со серија од четири гема врати со водство од 4-2, а потоа Мареј при 5-4 на сервис не искористи три меч и турнир топки, за сепак четврата да ја реализира.

најчитано сега