Застрелал момче среде Чаир бидејќи му пречел во сообраќајот - МВР трага по вооружен насилник

Вчера околу 14 часот настанал инцидент на улицата „Џон Кенеди“ во скопски Чаир. 

Според информациите од МВР, додека скопјанецот А.И. (23) и неговиот другар Р.Л. (20) се возеле низ Чаир, патот им го попречила „Шкода“ од која излегло непознато лице. А.И. и Р.Л. го заобиколиле возилото и продолжиле да се движат, но, не знаеле дека тоа дополнително ќе го налути насилникот кој излегол од „Шкодата“. БЕсниот насилник извадил огнено оружје, пукал кон „Пунтото“ на момчињата и го погодил младиот А.И. во ногата.

Момчето подоцна било пренесено во скопската Градска болница, а полицијата извршила увид на местото на инцидентот.

Според МВР, крвавиот инцидент настанал поради банално недоразбирање во сообраќајот.

 

најчитано сега