Неверојатно но вистинито: Малолетни кумановчани крвнички претепале седуммина Авганистанци

Кумановчаните Т.М.(20), М.Т.(20), А.Д.(17), Д.Т.(17) и М.М.(16), си заработија кривични пријави и притвор, откако ноќта на 4-ти јули, близу селото Лојане, претепале седуммина Авганистанци.

Според полицијата, петмината кумановчани ги пресретнале Авганистанците, пукале во воздух и ги нападнале со дрвена палка. Најдебелиот крај го извлекол 33 годишниот Авганистанец М.А.К. кој заработил повреди на главата, а останал без 120 евра и мобилен телефон.

 Од МВР информираат дека истражен судија на Т.М. и М.Т. им одредил мерка притвор во траење од по 30 дена, а на останатите пријавени мерка куќен притвор во траење од по 30 дена. Т.М. и М.М. се познати сторители на разбојништва и затајувања.

 

најчитано сега