Тешка сообраќајка на „Словенија“, две лица итно пренесени во Ургентен
Возач и совозач на мотор итно се пренесени во Ургентиот центар, по сообраќајна несреќа која околу 13:15 часот се случила на булеварот „Словенија“.
Во несреќата, според првичните информации од полицијата за Курир, учествувале автомобил и мотор. Засега нема информации за возраста и карактерот на повредите на двете лица .
Полицијата на местото на несреќата врши увид.
Оцени ја веста
06.10.2015 - 15:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа