Проверете дали денеска ќе останете без струја

Корисниците од улиците „Маџари“ и „Палмиро Тољати“, на потегот од надвозникот до училиштето „Дане Крапчев“, во општина Гази Баба денеска од 8:30 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 08:30 до 11 часот без струја ќе бидат и корисниците од булеварот „11 Октомври“ – кули бр. 12 и 14 и објектите околу нив во општина Центар, а од 8:30 до 12 часот корисниците од Агино Село улици „2“ и „3“ и селото Зелениково.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од Стара скопска чаршија, од 12 до 15 часот корисниците од улиците „4“ и „5“ во село Зелениково, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Христо Татарчев“ и „14“ во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електросистемот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега