Изгубил контрола и излетал од патот - струмичанец загина во страшна несреќа

Трагедија ја потресе Македонија. Едно лице загина откако со својот автомобил излетало од регионалниот пат Дојран – Валандово вчера попладне околу 15 часот и 35 минути. Се работи за 67-годишниот струмичанец Војчо Н. кој со својот автомобил „пасат“ излетал од патот, кај валандовското село Дедели, пишува Макфакс.

Возачот со тешки телесни повреди бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица, па префрлен во Клиничкиот центар во Скопје, каде вечерта околу 22 часот и 20 минути им подлегнал на повредите.

Полицијата изврши увид.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега