Кавадарци: „Спиевме со децата кога автомобил ни ја сруши пола куќа"

Половина куќа на едно кавадаречко семејство била срушена во несекојдневна несреќа, кога возач на автомобил „пежо“ удрил во џип „лада нива“, кој, пак, од силината на ударот завршил во куќата во која спиело семејство со малолетни деца. Како што пишува Дневник, џипот буквално влегол во дневната на куќата во Кавадарци, а за среќа овој настан не завршил трагично.

- Спиевме кога одеднаш не разбуди страотен удар. Беше страшно и во прв момент не  фати паника. Прво помислив на сопствените деца. Kога излеговме надвор, најважно ни беше само никој да не е повреден оти човечкиот живот не се враќа,  вели сопственичката на срушената куќа, пренесува Дневник.

Сообраќајката се случила вчера во 2 часот и 45 минути по полноќ. Сите соседи биле на нозе. 

Оние со кои разговаравме рекоа дека е ризично живеењето во Глишиќ, поради честото ненормално возење, а особено спиењето, оти навечер се случувало таму возилата буквално да летаат. 

 

 

Оцени ја веста

13.10.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега