ФОТО: Сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“ - возачот итно пренесен во Ургентен

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која околу 12:40 часот се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. 

Според информациите до кои дојде Курир, возачот М.Б. управувајќи со автомобил „Рено Клио“ удрил во бетонски столб на раскрсницата кај Цементара. Истиот со возило на Итна медициска помош е пренесен во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.

Полицијата е на местото на несреќата каде во тек е увидот.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега