Притвор за пироманот од Куманово

Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Куманово му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на 37 годишниот кумановец З.М. осомничен дека ги запалил 11-те возила во градот.
 
Како што соопшти денеска ОЈО, З.М. е осомничен дека сторил тешки дела против општата сигурност односно дека на четири  локации во Куманово запалил единаесет возила на различни сопственици, при што користел запалка и ги потпалувал возилата кај регистарските таблички.
 
Лицето е приведено во кумановската полиција, обавен е службен разговор, по што З.М е предаден во ОЈО Куманово, каде што е извршен распит. Кумановецот го признал делото и навел дека возилата ги палел по случаен избор, без одредена цел. З.М бил во алкохолизирана состојба и претходно бил осудуван за семејно насилство
 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега