Уапсен командант на УЧК во акцијата на МВР - падна и заменикот на командант Малишева

Уште еден командант на ОНА падна во рацете на полицијата по денешната акција на МВР за разбивање на јатаците на терористичката група во Диво Насеље.
Како што дознава Press24 од полициски извори, меѓу приведените е и Ибрахим Муртезани, во јавноста познат и како Командант Арачиново.
И тој како и останатите се сомничи за соработка и помагање на терористичката група која делуваше во кумановскиот регион.

Press24
дознава дека меѓу приведените е и Рагми Љатифи од селото Отља за кој има информации дека му бил заменик на командант Малишева кој се сметаше за предводник на терористичката група во Куманово.

 

Во Дива Населба, специјалците на МВР убија 10, а уапсија 28 припадници на терористичката група, во акцијата на МВР беа убиени и 8 специјалци. 

 

 

Оцени ја веста

15.10.2015 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега