Тројката се договори: Грција добива нова транша од 6,8 милијарди евра

Тројката сепак денеска се договори да и одобри на Грција нова транша од спасувачкиот пакет во износ од 6,8 милијарди евра.

Како што изјавува белгискиот министер за финансии Коен Генс траншата ќе биде поделена на неколку мали износи, а првиот износ Грција ќе го дбие уште овој месец.

Вториот дел од 1,8 милијарди евра ќе и го исплати Меѓународниот монетарен фонд следниот месец, а последната транша од една милијарда евра ќе биде обезбедена од еврозоната во октомври.

ФОТО: Денешен

најчитано сега