Ахмети најави три нови кандидатури за градоначалници од ДУИ

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, денес ја свика 23-та седница на Централното претседателство на ДУИ, на која се дискутираше за актуелните политички случувања, за максималната мобилизација на Националната алијанса за интеграција, како и за плебисцитарната и севкупната народна победа на референдумот на 19 октомври.
На оваа седница, едногласно и со целосен консензус, беа усвоени три нови кандидатури за градоначалници:
1. Во Долнени – Фламур Ѓолека
2. Во Пласница – Али Јаоски
3. Во Бутел – Исамедин Азизи
ДУИ е во завршна фаза на селекција на сите кандидатури со кои Националната алијанса за интеграција ќе настапи на локалните избори. Референдумот на 19 октомври ќе биде историски момент за народот – ден кога одлучно ќе се врати достоинството и ќе се зајакне улогата во државата.
Демократската унија за интеграција изразува огромно задоволство од поддршката од сите страни и од севкупната мобилизација – сите на нозе за достоинството, сите на нозе за нашата заедничка победа!
05.09.2025 - 22:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа