(ВИДЕО/ФОТО) Словенците снимиле се - Хрватите ги „фрлаат“ бегалците во ледена река

На прес конференција на словенската влада се објавени тешки обвинувања на сметка на хрватската полиција и власт. Словенците прикажаа снимки од термокамери од хеликоптер на кои се наводно се забележува како хрватската полиција ги остава бегалците на места кои не се во надзор на Словенците.

„Ги пуштија неорганизирано да ја минуваат реката Сутлу. Не ги пуштија на мост, туку со светлосни знаци го направија хеликоптерите на нашата полиција! Ги испраќаат луѓето во несоодветна облека и ги тераат да ја минат ладната Сутлу, а нас не обвинуваат за тоа дека сме неорганизирани. Постојано зборуваат дека се хумани, а ги фрлаат децата и старците во смрзнатата вода“, изјавил шефот на државниот секретар Боштјан Шефиц.

„Хрватска нас се обидува да не дискредитира! Европскот комесар ќе добие јасна порака за нашите ставови и барања. До сега низ Словенија поминаа веќе 38.000 мигранти, изјави Шефиќ и додаде дека на терен има во моментов 214 војници, и дека до крајот на денот ќе бидат поставени уште 400.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега