Жнидар: Словенија за бегалците дневно троши 770.000 евра

Словенија дневно троши 770.000 евра за да се справи со бегалскиот бран, изјави денеска словенечкиот министер за внатрешни работи Весна Жнидар.

Таа по средбата со еврокомесарот за имиграција Димитрис Аврамопулос во Љубљана, додаде дека во рамките на шест месеци таа сума ќе изнесува над 140 милиони евра.

Во Словенија во последните 24 часа влегле 12.600 мигранти, а во последните пет дена 43.000.

Словенија официјално побара помош од Европска унија за справување со бегалскиот бран.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега