АЛАРМАНТНО: 30 убиени жени - на удар сопруги, мајки, жени!

Од почетокот на годината во Србија се убиени 30 жени, оние кои со години трпеле насилство во семејствата.

Загрижувачката статистика дополнително е потресна и поразителна за државата и општеството, затоа што речиси сите жени претходни пријавиле дека се жртви на злоставување од сопрузите или другите членови на семејството.

Така нвните убијци биле евидентирани во полицијата како насилници, но институциите не превземале ништо да ги заштита. Во некои случаи, како масакрот кај Мартонош, говори за директна одговорност на тие институции, затоа што масовните убијци во крвавиот поход тргнал директно од полициската станица, во која, одлуката на обвинителството не е задржана.

Овие злочини сепак на крајот ја поттикнаа дражавата да конечно започне со процесуирањето на секој насилник.

Семејното насилство е однесување во кое еден член на семејството го загрозува телесниот интегритет, душевното здравје или спокојство на другиот член на семејството. Поимот обично се однесува на насилие меѓу сопружникот или сопружникото злоставување, но исто така може да се однесува и на невенчани интимни партнери, или едноставно луѓе кои живеат заедно.

 

Насилието во семејството е најчесто облик од општ проблем над жените, што говори и статистиката: Меѓи 40 и 70% од убиствата каде жртвите биле жени, го направиле нивните мажи или вереници. Насилието над жените кои го прават нивните сентиметални партнери најчесто останува непријавено во полиција, така да експертите сметаат дека бројот на жени жртви на насилие во семејството може да биде поголем од оној кој го покажува статистиката и дека е тешко да биде проценет.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа