СКАНДАЛ: Дино Мерлин го забрани српското знаме

Верувале или не, босанскиот пејач Дино Мерлин забрани да се веат знамиња на неговиот концерт во Белград. Пејачот им испрати соопштение на сите медиуми во кое пишува дека на неговите концерти во сабота и недела не смееат да се вејат српски знамиња и да се носат други предмети.

- На концертот не носете транспаренти, знамиња, запалки, шминка, парфеми, чадори, железни пари, храна и пијалоци. Сето тоа не можете да го внесете бидејќи обезбедувањето на вратата нема да ви дозволи да влезете, се наведува во соопштението. 

А од белградската Комбанк арена се изненадени од ваквото однесување на пејачот

- Досега никој не ги забранил знамињата. Знамињата дури се и е некоја традиција. Публиката често знае да го качи знамето на сцена како во знак на „Добредојде“. вели извор за српските медиуми. 

 

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа