Љубов на прв поглед: Новинар очајно ја бара девојката од протестот

Новинар од црногорски портал, иако бил на работна задача и известувал за протестот во Подгорица, не можел да не се загледа во згодна девојка во која се заљубил.

Тој очајнички ја бара низ цела Црна Гора.

Додека на телефон ги диктирал најновите случувања од протестите, репортерот забележал многу убава девојка.

„Таа беше ангел. Сето тоа беше нереално. Илјада луѓе околу нас, јас го држам телефонот и диктирам, а ја гледам само нејзината насмевка и поглед. И ништо повеќе. И покажав со раката да почека, и и кажав дека брзо ќе завршам, а таа само ми се насмевна. И тогаш на момент го тргнав погледот и ја прекинав врската, но кога повторно погледнав, таа не беше таму. Помогнете луѓе, не можам да ја заборавам“, изјави репортерот во надеж дека ќе ја пронајде.

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега