Полицијата ги фати: Татјана молчи за пола естрада да не заврши во затвор

Татјана Миоковиќ, осомничениот член за учество во криминалната група за кражба на автомобили, во Специјалниот Суд се бранела со молчење. Најверната другарка на Лепа Брена, која исто така е пријателка на голем број лица од естрадата од Србија и регионот, најверојатно автомобилите кои ги крадела ги продавала на нив.

Водачот на оваа банда, Зоран Јанковиќ, наречен Кум, и Татјана која е негова невенчана сопруга, со оглед на тоа дека се блиски со безброј лица од естрадата, најверојатно автомобилите им ги продавале токму на нив. Како што српскиот Курир веќе објави, Татјана со години е пријателка со Дара Бубамара, Саша Поповиќ, Ана Бекута, Зорица Бруцлик и многу други познати имиња од естрдатата во Србија.

Во акцијата за кражба на автомобили се уапсени девет лица. Татјана и невенчаниот сопруг се бранат со молчење. Криминалната група соработувала со друга криминална група од Словачка, а автомобилите биле продавани во земјите во Европа. 

 
 
26.10.2015 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега