Судот пресече: Каква казна доби момчето од Градско што ја уби мајка си?

На седумнаесетгодишното момче од Градско што на 8 март, во нивниот заеднички дом, ја застрела мајка си со ловџиска пушка, му е одредена мерка засилен надзор од Центарот за социјални работи.

Ваквата одлука Судот ја донесе откако во доказната постапка се докажало дека момчето убиството го сторил ненамерно. Ова го потврдил вештак доктор психолог и двајцата сведоци - другари на детето.

Убиството се случи на 8 март годинава, кога малолетникот, со ловџиска пушка на неговиот татко, за која тој имал дозвола, ја застрелала мајка си во вратот, и таа починал на самото место. Тоа го сторил во присуство на двајца негови другари.

 
 
28.10.2015 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега