Просечнта плата во Македонија 21.882 денари

Индексот на просечната месечна исплатена нето ­плата по вработен, во август 2015 година, во однос на август 2014 година, изнесува 103,1, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето­ плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.9%), Рударство и вадење на камен (7.8%) и Стручни, научни и технички дејности (7.6%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето­ плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8.3%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.2%) и Информации и комуникации (4.4%). Просечната месечна исплатена нето ­плата по вработен, во август 2015, изнесува 21.882 денари. Во август 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата, соопшти ДЗС

 
 
28.10.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега