Се исполнува ветеното: „Купи куќа, купи стан“ во Сити Мол

Утре започнува саемот „Купи куќа, купи стан“ во Сити Мол.

На саемот ќе учествуваат 20 градежни компании и банки кои се во проектот и претставници на Министерството за финансии.

Како што е најавено, на саемот ќе се нудат попусти на актуелните цени на становите кои можат да достигнат и до 200 евра по квадратен метар.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ нуди субвенции и до 14.000 евра за купување на нов дом. Досега овој владин проект помогнал на повеќе од 680 семејства да го решат станбеното прашање.

Граѓаните кои сакаат да се информираат повеќе за проектот можат да го посетат саемот од утре, 29 октомври до недела – 1 ноември.

 
 
28.10.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа