Германската амбасада го поддржа твитот на Груевски

Наспроти хушкањата на речиси сите опозициски медиуми поврзани со твитот на премиерот Никола Груевски дека “македонскиот народ одлучува за својата иднина“, германската амбасада денеска излезе со став дека ја поддржува пораката на македонскиот премиер.

Тоа е многу точна реченица, која сосема и во целост ја поддржуваме. Вака за опозицискиот портал Плусинфо одговори денеска Германската амбасада во Скопје во врска со коментарот на премиерот Никола Груевски објавен вчера на неговиот налог на Твитер, кој следеше по заедничката изјавана европските амбасадори пред зградата на Владата. 

„Македонскиот народ одлучува за својата иднина“, беше твитот на премиерот Никола Груевски, објавена кратко по изјавата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет, кој повика да се почитува договорот од Пржино.

Во однос на вчера изнесените ставови на амбасадорите Груевски истакна дека го поздравува нивниот ангажман, за како што рече, помагање и олеснување на преговорите.

Премиерот укажа и дека неговиот коментар на Твитер за тоа дека народот ќе одлучи на избори не е ништо друго, туку потврда на тоа што е реалност кога доаѓаат изборите. 

- На изборите одлучуваат граѓаните, рече Груевски дополнувајќи дека неговиот коментар воопшто не е во колизија по напорите што ги прават претставниците на меѓународната заедница да и помогнат на Македонија за побрзо да се надмине сегашната ситуаициа во преговорите.

 
 
28.10.2015 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега