Македонија е лидер за водење на бизнис во Југоисточна Европа

Согласно „Doing Business 2016“, кој е најреномиран меѓународен извештај кој ги мери условите за водење на бизнис, Македонија е на 12 место во конкуренција на 189 држави.

Македонија е на 6-то место во Европа за водење бизнис, каде економиите се најразвиени и каде земјите посветуваат особено внимание за подобрување на бизнис климата.

-Од европските земји пред нас се само скандинавските земји: Данска , Шведска, Норвешка и Финска, како и Велика Британија што потврдува дека Македонија не само што е лидер помеѓу земјите од регионот на Југоисточна Европа, туку е и меѓу лидерите во Европа и светот. Македонија на листата Дуинг бизнис годинава се најде пред многу етаблирани економии и развиени земји како Германија, Австралија, Канада, Австрија, Франција, Холандија, Јапонија и други. Македонија е рангирана пред 24 земји членки на ЕУ. Македонија е далеку пред останатите земји од регионот, како Словенија која е на 29 место, Романија која е 37, Бугарија 38, Хрватска 40, Црна Гора 46, Турција 55, Србија 59, Грција 60, Косово 66, Босна и Херцеговина 79 и Албанија 97. Иако овој резултат можеби за многумина е изненадување, ние како Влада веруваме во реформите кои ги спроведуваме во Македонија, кај кои ги применуваме  светски најдобрите практики, кои ги анализираме и прилагодуваме на наши услови, рече Груевски.

Груевски посочи дека „Doing Business“ го изработува најголемата и најреномираната глобална институција која работи на унапредување и развој на приватниот сектор ширум светот - Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) која е независна членка во рамки на групацијата на Светска банка.

 
 
28.10.2015 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега