Фирмите во Македонија плаќаат три пати понизок данок и извезуваат три пати побрзо од европските

 

Индикаторите во најновиот извештај на Дуинг бизнис 2016 покажуваат дека фирмите во Македонија се значително помалку оптоварени со давачки, значително помалку се оптоварени со процедури при регистрирација на бизнисот, како и при вадење битни документи како градежни дозволи и документи при извоз и увоз. Времето за спроведување на сите овие постапки е неколкукратно покусо во Македонија во однос на европските земји.

Во Македонија е потребно десет пати помалку време за да се отвори фирма во споредба со земјите од Европа или централна Азија или 8 пати помалку во однос на земјите од ОЕЦД, покажува идникаторот за отворање бизнис на Дуинг бизнис 2016. Во Македонија за 8 пати покусо време може да се основа бизнис во однос на Германија, САД, Франција, Финска, Холандија, Велика Британија и други.

Трошокот за основање бизнис согласно индикаторите на најновиот извештај на Светска банка Дуинг бизнис за Македонија е за речиси пет пати помал отколку просекот на земјите од Европа и Централна Азија и три пати понизок од просекот на земјите од ОЕЦД.

За отварање на фирма во Македонија има пет пати помалку постапки во однос на земјите од Европа и централна Азија и земјите членки на ОЕЦД.

Даночната стапка во Македонија е три пати пониска во однос на земјите од Европа и централна Азија, а за 3,5 пати пониска во однос на просекот на ОЕЦД, покажува индикаторот Плаќање даноци на Дуинг бизнис 2016.

Плаќањето даноци во Македонија е значително полесно и покусо во споредба со земјите од Европа и централна Азија и ОЕЦД. Бројот на постапки е двојно помал во однос на земјите од Европа и централна Азија.

Исто така, бројот на часови кои се потребни за извршување на плаќањата е двојно помал во однос на просекот на Европа и централна Азија.

Бројот на постапки за издавање на градежна дозвола во Македонија е помал за 6 постапки во однос на земјите во Европа и централна Азија, покажува индикаторот вадење градежна дозвола на ДБ 2016. Времето за добивање дозвола е двојно покусо. Од аспект на квалитетот на регулативата, таа во Македонија е значително подобра во однос на земјите од Европа и централна Азија и ОЕЦД.

Времето за извоз од Македонија е три пати пократко во споредба со земјите од Европа и централна Азија, а трошоците за извоз се двојно пониски. Времето за комплетирање на документите за извоз е 15 пати покусо во однос на земјите од Европа и централна Азија, а трошоците се 3,5 пати пониски.

Времето за увоз во Македонија е исто така три пати пократко во споредба со земјите од Европа и централна Азија, а трошоците за увоз се исто така пониски. Времето за комплетирање на документите за увоз е 9 пати покусо во однос на земјите од Европа и централна Азија, а трошоците се двојно пониски.

 
 
29.10.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега