Откупени над 100 тони печурки во Пијанец и Малеш

Завршува откупот на есенските печурики во Пијанец и Малеш. На ниво на регионот оваа есен се откупени над 100 тони печурки од видовите, вргањ, рујница, црна труба. Зоран Ѓеоргиевски кој е еден од најголемите откупувачи во Делчево, вели дека само во Делчевско се откупени над 50 тони печурки од есенската реколта.
 
- Поради поволните климатски услови, родот на печурките по квалитет и кванитет беше одличен. На сите берачи на печурки им се исплатени средствата, а цената на печурките се движеше од 100-150 денари за килограм  вргањ од прва класа, боровата печурка се откупуваше за 50 денари, а исто толку и јајчарката, рече Ѓеоргиевски.
Дневно, добрите познавачи на печурки, можеа да заработат и по 1.500 денари.
Според Бранко Ѓеоргиевски од Делчево, по шумите има многу берачи на печурки.
-Јас од дете ја собирам печурката, ама оваа година има и многу печурки, ама и берачи. За два-три саати прошетка по шумата, набрав пет килограм печурка вргањ и ќе заработам околу 500 денари, вели Ѓеорѓиевски.
 
Слична е и состојбата и во Малешевијата. Илија Буровски  од Берово кој ги откупува печурките за радовишката фирма „Фунги флора“ пресмета дека и овде се откупени над 50 тони печурки
 
- Печурките ќе завршат свежи или преработени на западноеврпоските пазари. Италијанците ги сакаат печурките од сортата вргањ, а во Шпанија се пласира  рујницата и црната труба, вели Буровски.
 
 
29.10.2015 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега