Минатиот викенд пукаше сонце а сега... - викенд временска

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба утринска магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од  минус еден до осум, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаба утринска магла. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во сабота наутро по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. За време на викендот ќе дува умерен североисточен ветер кој ќе предизвика намалување на облачноста. 

 
 
30.10.2015 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега