Отворен првиот Центар за спорт и спортски развој
Неодамна во Општина Аеродром се отвори првиот Центар за спорт и спортски развој „Хит енд ран“(„Hit & Run“) по теркот на спортските центри во западноевропските земји.
Основната програма на Центарот за спорт и спортски развој ја сочинуваат од два до четири тренинзи неделно во траење од 60 минути, кои се насочени кон развој на моторичките способности, социјален и емотивен развој и превенција на телесни деформитети.
Со програмата на „Хит енд ран“ децата се учат на правилно држење на телото, одење, трчање и сите други природни облици на движење, а сето тоа низ вежби и елементарни игри приспособени на возраста, полигони, штафетни игри и забава. Програмата е базирана на најновите научни сознанија од областа на здравствената превентива, спортот, педагошката практика и методика на спортскиот час.
Тренинзите ги водат дипломирани професори и тренери на Факултетот за физичка култура.
Дополнителна гранка во Центарот е превенцијата на телесни деформитети со оглед на тоа што децата сè повеќе време поминуваат играјќи видео-игри и гледајќи телевизија, што претставува еден од основните и потенцијални причинители за појава на разни видови телесни деформитети и прекумерна телесна тежина.
Повеќе информации може да се добијат на интернет страницата www.hitandrun.mk.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа