Економските професори согласни: Извештајот на Дуинг Бизнис ќе донесе нови инвестиции

Со скок од 18 позиции во однос на минатата година, Република Македонија во годишениот Дуинг Бизнис извештај е рангирана на 12 место во светот. Македонија од 2006-та година својата позиција на извештајот на Светска банка ја има подобрено за цели 82 места што е јасен показател дека земјата останува топ реформатор, а низата мерки, проекти и политики за подобрување на деловната клима добија уште една потврда.

Според извештајот, Македонија е на шестото место во Европа, односно на првата позиција во регионот. Економските професори сметаат дека ваквиот успех се должи на низата спроведени проекти, што пак се рефлектира со привлекување и влез на голем број странски известиции.

-Тоа е евидентен прогрес кој што во изминатиот период преку сетот и активности кои Владата ги направи се рефлектираа позитивно на привлекувањe на странски инвестиции, на поддршка на домашните инвестиции и компании што на крајот дефакто имаше за резултат динамизирање и остварување на прилично добри економски резултати, смета Дарко Лазаров, професор на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Продеканот на Економскиот факултет во Штип, Љупчо Давчев смета дека областите каде што сме рангирани како на пример основањето на компании, пристапот до енергија, плаќањето на даноци, регистрирањето на имот, сигурноста на имотот се само некои од главните индикатори.

-Македонија во однос на овие 36 индикатори кои се поделени во десет различни групи, покажува шесто место во Европа и 12 место во однос на сите 189 земји на светско ниво. Најважно е да се каже дека најдобри резултати имаме во однос на основањето на нов бизнис, односно целата таа поедноставена процедура во онлајн регистрирањето на компаниите каде сме второ место и каде сме на седмо место во однос на плаќањето на даноци. Севкупно имаме постигнато раст во послендите седум години за 82 места, од 94-то доаѓаме на 12 место на светско ниво. Ова има позитивен одзвук и ќе вроди со плод и резултати во однос на прибирањето на дополнителни странски инвестиции кон погледот на другите земји и компании во однос на начинот на водење бизнис во РМ, смета Давчев.

-Кај извештајот на Дуинг бизнис јасна е неговата поставеност и транспарентноста во однос на индикаторите кои ги мери како фактори на влијание врз економскиот развој, тоа значи дека сите индикатори се мерат во 189 земји на еден ист начин, што дозволува многу добра можност за споредба помеѓу развојот на земјите во однос на овие фактори на влијание. Тоа значи дека овде нема простор за погрешно толкување на резултатите од самиот извештај. Ако сакаме да извлечеме заклучок во однос на резултатите од самиот извештај, можеме да кажеме дека ова е една добра контролна мерка механизам, според кој младите може да се раководат при нивната работа понатаму, смета доцент Тамара Јованов од Економскиот факултет во Штип.

Професорот Страјче Мицевски вели дека имаме нови инвестиции, нов развој, а сето тоа придонесува долгорочно, луѓето се вработуваат, земаат плата, а стандардот се подобрува.

 
 
30.10.2015 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега