Еве како во Финска се одржува концентрацијата на децата

Многу наставници се прашуваат како да го подобрат нивото на концентрација во училницата, а тоа е дилема со коа се соочуваат и многу родители со децата дома. За да се подобри учењето и за да научат повеќе на часовите, децата мора да бидат сконцентрирани.

Наставниците се обиделе се’, од одење по училицата, преку организирање на времето потрошено за предавање, до смислување на сопствени начини на кои ќе им предаваат на учениците. Меѓутоа, една држава одлучила дека најдобар начин да се зголеми концентрацијата е со зголемување на учиилишните одмори во текот на денот, пренесува Нетпрес.

Во Финска, која може да се пофали со еден од најдобрите јавни образовни системи во светот, децата имаат школски одмор од 15 минути на секој еден час.

Образованието е бесплатно, постои минимано стандардизирано тестирање и одделенијата се мали во споредба со другите држави. Формалното образование почнува во седмата година, а претходно се обрнува многу внимание на детската игра и времето поминато надвор. Овој тренд продолжува и откако детето ќе појде на училиште. Учениците во просек поминуваат 75 минути на учлишен одмор секој ден.

Овој одмор им овозможува на децата да трошат енергија, да се забавуваат и да развиваат социјални вештини. Откако училишнот одмор од 15 минути ќе заврши, наставниците во Финска истакнуваат дека нивните ученици повторно се сконцентрирани и подготвени да учат.

Ако дозволуваат временските услови, училишниот одмор се одвива надвор. Децата си играат на дожд, ветер, ладно и снег. Важен дел од овие чести паузи е тоа што децата можат да си играат. Со игрите не раководат наставниците, туку на децата им е дозволено  да се забавуваат на свој начин.

Во другите земји, училишниот одмор се’ повеќе се скратува. Некои училишта ги задржуваат учениците и после часови, како еден вид казна за лошо однесување. Тоа значи дека децата кои не се фокусирале на часовите, можат да бидат казнети со неодење на одмор, кој им е, всушност, многу потребен.

Физичката активност може да ја подобри мозочната функција така шшто ја зголемува количината на кислородот која од во мозокот. Ова може да ја подобри работата на мозокот. Играта на игралиште исто така придонесува за зголемување на нивото на физичка подготвеност меѓу учениците.

Училишнот одмор им овозможува на децата поефикасно да учат, да ја зголемат својата самодоверба и да изградат силни односи со своите врсници.

 
 
02.11.2015 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега