Крвта од најстарата жена открила зошто смртта е неизбежна

Хендрике ван Адел-Шипер е родена во 1890 година и едно време била најстарата жена на светот, а здравјето добро ја служело се до смртта во 2005 година. Желбата и била нејзиното тело после смртта да се донира во науката и сите резултати од истражувањата да се објават заедно со нејзиното име.

Така научниците почнале со анализата на нејзината крв и другите ткива додека таа уште била жива, со цел да утврдат до какви промени донесува староста.

Анализите покажале дека нашиот животен век е ограничен со способноста на матичните ќелии да ги обновуваат ткивата. Кога не можат повеќе да ги обновуваат, матичните ќелии умираат, а на тој начин го намалуваат капацитетот на телото.

Пред смртта на госпоѓата Шипер, дури две третини од белите крвни ќелии потекнувале само од две матични ќелии, што значи дека сите матични ќелии со кои се родила веќе биле мртви.

Другата претпоставка која укажува на смртта на матичните ќелии кај Шипер било оштетувањето на теломерот на хромозомите кои се скратуваат секогаш кога ќелијата ќе се подели. Теломерите во белите крвни ќелии биле за околу 17 пати пократки од оние во мозочните ќелии кои скоро и не се делат во текот на животот.

 
 
02.11.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега