Невеста во солзи: Првиот свадбен танц не го одигра со мажот, туку со некој многу поважен (ФОТО)

После четири години врска, Грета Перске се омажи за Тони Хокансон.

Церемонијата беше убава, но тоа што ги остави гостите во солзи беше нејзиниот прв танц. Наместо со младоженецот, или со својот татко, невестата се одлучи првиот танц да го сподели со човекот кој и го спаси животот. 

Грета имала 16 години кога и била дијагностицирана леукемија. 

Ја ставиле на листа на чекање за трансплантација на коскена срж, но нејзината состојба брзо се влошила, и година дена подоцна била во многу лоша ситуација. 

Меѓутоа, тогаш се појавил Дени Денијелс, човекот кој се решил да ја донира својата коскена срж. Грета и Дени претходно никогаш се немале сретнато, не се познавале и немал причина да помине низ многу болна процедура на вадење на коскената срж. Но тој и неговата сопруга, не така долго пред тоа изгубиле многу мила личност, и се решиле да донираат за да им помогнат на другите. 

Грета изјави дека не знае дали некогаш ќе може да му се заблагодари, но се реши првиот танц на свадбата да го одигра токму со него. Иако е обичај тој да биде со мажот или таткото, оваа невеста се решила тоа да биде човекот кој и го спасил животот. 

На сликите јасно може да се види дека Грета била навистина емотивно во текот на танцот, а Дени признал дека едвај одолеал да не заплаче. 

Инаку, таткото на невестата, подоцна изјавил дека воопшто не му сметало тоа што прв не танцувал со својата ќерка, додавајќи дека пред неколку години не знаел дали Грета ќе успее да проживее доволно за да застане пред матичар.

 
 
03.11.2015 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега