Викторија Бекам упати моќна порака до сите девојки

Викторија Бекам е една од највлијателните лица во модната индустрија, а својата кариера ја започна како пратечки вокал во групата Spice Girls.

Поминала низ трнлив пат, за денес, сопругата на најпосакуваниот фудбалер и мајка на 4 деца да може да даде совет кој го упатила до сите млади девојќи.

-Долго се обидував да се пронајдам. Дури и за време додека бев член во групата, се се’ вртеше околу моќта на жените. Сакам и другите девојки да се чувствуваат најдобро на светот, вели таа и порачува:

Работете напорно, останете фокусирани на целта и потребно е тоа за што се борите навистина многу, многу да го сакате. Ако јас успеав сето тоа да го постигнам, можете и вие. Никогаш не бев најпаметната, никогаш не бев во нешто најдобра. Сепак ние секогаш им зборуваме на нашите деца дека доколку во нешто цврсто веруваат и напорно работат на тоа, ќе успеат, рекла Викторија.

 
 
03.11.2015 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега