ВИДЕО: Без мака исчистете го одводот и ослободете се од непријатната миризба

Можете сами да изведете многу едноставен зафат кој од одводот ќе ја исчисти целата нечистотија.

Што ви е потребно? Штрафцигер, пластична стега, ножици, алкохолен оцет, сода бикарбона и крпа.

1. Тргнете го сифонот од одводот со помош на штрафцигерот.

2. Со рака тргнете ја целата видлива нечистотија. Пожелно е да носите гумени ракавици.

3. Со помош на ножиците засечете ги краевите на стегата така што ќе добиете еден вид забец. Потоа ставете ја во одводот и вртете така што на запците ќе се фати нечистотијата која го блокира одводот. Повторувајте ја постапката додека стегата не биде целосно чиста.

4. Истурете половина чаша сода бикарбона во одводот и половина чаша оцет и покријте го одводот со влажна крпа. Оставете оцетот и бикарбоната да реагираат десетина минути. Тргнете ја крпата и измијте го одводот со зовриена вода.

5. Вратете го сифонот и уживајте во туширањето.

 

 

 
 
03.11.2015 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега