Исповед на Исидора Бјелица: Балканот очекува јас да се повлечам и да умрам

Писателката Исидора Бјелица и понатаму води битка за живот. Таа колку што може се труди да живее нормален живот, но понекогаш и недостига јавниот живот и комуникацијата со читателите, откри за српските медиуми.

Иако е болна, Исидора се труди да живее нормален живот, да стави црвен шешир и црвен кармин, но е свесна за тоа колку средината понекогаш ја осудува.

„Јас знам дека Балканот е примитивна средина, каде се очекува кога некој има ваква тешка дијагноза, да се повлече и да молчи, да не ги потсетува другите луѓе дека и тие можеби утре ќе имаат некоја болест. Јас мора да се повлечам и достоинствено да умрам, никој да не ме види - тоа е Балкан“, изјави Исидора за српските медиуми.

Инаку писателката најмногу жали што оваа година не можела да учествува на Саемот на книгата.

 
 
04.11.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега