ВИДЕО: Малку фалеше да го убие - Тренерот го шутираше, а момчето беспомошно се бранеше

Видеото е снимено тајно, а после тоа и е поставено на Фејсбук, по што предизвика бурни реакции ширум светот. Тренерот Ливију Петраче четири пати го шутна момчето кое седеше на клупата, а неговата жртва е 16 годишниот Кодрин Тириск.

„Прво ме удри во уста, потоа во рацете, потоа и во ребрата, а за крај ме шутна и во главата“, изјави дечкото, и додаде:

„Ноќта претходно никој од нас не сакаше да вечера затоа што храната не беше добра. Ние околу 23 часот бевме гладни, и отидовме во Мекдоналдс, по што тренерот заспа. Рецепционерката му рекла на тренерот, а после ударите ми рече на никого да не зборувам за тоа“.

Клубот го отпушти тренерот Петраче, а таткото на 16 годишниот Кодрин изјави дека не знае како би реагирал на мечот, како и за тоа дека сеуште не одлучил дали ќе го тужи тренерот.

 
 
04.11.2015 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега