„Тргна на свадба а ја донесоа дома мртва" - мајката на девојката од мотелот во црно

Бабо зошто плачеш? Со овие зборови две ипол годишната Клаудија и го крши срцето на својата баба, несреќната Ѓулсаде Османовска која е завиена во црно откако нејзината ќерка, Ѓулџан заедно со сопругот Кашмир беше пронајдена во фаза на распаѓање во мотелска соба. Малото девојче кое има сестри и браќа од кои најголемиот дел се згрижени во Домот 11 Октомври, не може да разбере за големата трагедија и за тоа дека во ист ден остана без двајцата родители, пишува Дневник.

Како што пишува порталот, мајката на девојката со скршено срце ја раскажува приказната која и го зави животот на неа и нејзината мала внука во црно: - Ми рече мамо ќе одам на свадба. И реков немој ќерко, бидејќи се лекуваш, но беше упорна. Излезе и не се врати, немаше документи со неа, веднаш се јавив во полиција. Не изгубив надеж додека не ми јавија дека починала, вели мајката низ солзи.

Парот кој десет дена лежел мртов во мотелската соба во Пржо бил зависиник од дрога. Дванаесет години биле во брак и имале четири деца. Иако се лекувале, сепак и двајцата починале токму од предозираност со метадон.

Семејството ќе го тужи мотелот каде телата на починатите лежеле цели десет дена.

 
 
05.11.2015 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа