Неверојатен ефект: Оваа билка лечи многу болести

Една од најпознатите билки во историјата на медицината е црниот ким, ботанички наречен Nigella Sativa.

Семето на оваа билка беше пронајдено во гробницата на Тутанкамон, а древните Египјани го користеле за настинки, главоболки, инфекции и забоболки.

Црниот ким е богат со нутриенти како што се: протеини, витамин Б1, витамин Б2, витамин Б3, калциум и железо, а многумина го сметаа за универзален лек против многу болести, кој се користи превентивно.

Истражувањата покажаа дека повеќето заболувања настануваат поради дисбалансот во имуниот систем, а компонентите во црниот ким како што се нигелонот и тимоквинонот, помагаат бо борбата против болестите со зголемување на клетките за имунитет во организмот. Направени се големи истражувања за црниот ким и неговите својства да се бори против ракот, и откриле дека за разлика од хемо-терапијата, црниот ким може да се користи во лекување на тумори и рак на дојка без никакви негативни несакани ефекти.

Докторите се обиделе со црн ким да ги лекуваат своите пациенти заболени од астма и алергии на прашина, и успеале во 70 проценти од болните. Маслото од семките може да се користи во лекувањето на болки во увото, проблеми со дишењето и намалување на крвниот притисок.

Исто така црниот ким делува поволно и на кардиоваскуларниот систем. Ги зајакнува ѕидовите на крвните садови ја зголемува нивната еластичност, што доведува до подобрување на артерискиот притисок.

 
 
05.11.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега