„Што ќе правам без моето дете" - Душица прегазена додека се враќала од училиште

Девојченце од Србија загина додека си одело дома од училиште. 13-годишната Душица Тошиќ загинала кога возач на камион, Александар Радојчиќ, налетал на неа додека таа претрчувала на улица.

Трагедијата се случила вчера околу 10 часот кога девојчето се враќало од училиште. Мајката, таткото и бабата со кои живеела се скршени од болка.

- Ја нема нашата душа. Што ќе правам без неа, вели низ солзи бабата.

Таткото едвај собрал сила да каже збор: - Ми јавија на работа. Починала на пат кон болницата. Ми го вратија детето мртво, вели тој и додава дека за последен пат си го бакнал детето.

Семејството е скршено. Роднини, пријатели и соседи постојано доаѓаат да изразат сочуство, неможејќи да се помират со трагедијата.

 

 
 
05.11.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега