Очите се огледало на душата: Што открива бојата на очите за вас?

Иако на нас изразот „очите се огледало на душата“ делува како лише, но научниците стојат позади тоа. Над 428 луѓе учествувале во експериментот од страна на неколку научници и ги анализирале карактеристиките поврзани со бојата на очите. 

Еве што бојата на очите открива за вас: 

Црни очи: 

- Вие по природа сте водач , родени сте да ги водите луѓето низ животот. Луѓето со темни очи често делуваат пријатно. Имате тенденции да пиете малку алкохол за разлика од другите и го сакате спортот. Пронајдете ја во себе силата и моќта и ќе видите дека можете да владеете со  светот. 

Сини очи: 

- Имате голема внатрешна сила, можеби понекогаш се борите луѓето да ја забележат кај вас. Луѓето на вас често и пребрзо ви судат пред да ве запознаат. Тие вас ве гледаат како слаби или плашливи, жените со сините очи се многу толерантни на болка. Исто така тие се во состојба да прејдат преку разни облици на анксиозност и депресија полесно од другите. Вие сте амбициозни, остри, и радознали. Во професионален свет, тоа не ви стои на патот. 

Зелени очи:

Ако имате зелени очи, имате тенденција да бидете привлечни и мистериозни. Зелените очи генерално се привлечни за луѓето и често ги сметаат за секси. Вие сте непредвидливи, но не се лутите брзо. Креативни сте и добро ја извршувате работата под притисок. 

 

 

 

 
 
05.11.2015 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега