Уапсен осомничениот за убиството во Радовиш

Прилепчанец попладнево е уапсен од полицијата за убиството кое пред два дена се случи во Радовиш. Како што дознава Press24 од полициски извори, приведено е лицето Д.С. од Прилеп кој во секој момент треба да биде изведен пред надлежното Јавно обвинителство.
Мртвото тело на 26 годишниот Р.Ј. на 5 ноеммври беше пронајдено во куќа во Радовиш.

Од МВР и официјално ја потврдуваат информацијата дека имаат уапсено едно лице кое се сомничи за убиството не откриваат повеќе детали. Од полицијата не откриваат ниту кои се мотивите за убиството. 

Повеќе детали се најавуваат за утре.

 
 
08.11.2015 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега