Ова се напаѓачите од Клинички – СДСМ не ги интересира тоа!

По крвавата драма  што утринава се случи во Клиничкиот центар, на Одделението за дигестивна хирургија, при што е ранет лекарот Љубомир О. , приведени се  Јакуп Изаири (30), Абдул Наим Никшиќ (36) и Имер Никшиќ (34) сите од Скопје, неофицијално донава „Нетпрес“ од полициски извори. 

Во лекарот пукал  Имер Никшиќ, а причина било незадоволство од третманот во болницата каде што во текот на ноќта починала неговата мајка.

Тој заедно со другите двајца направиле вистинска вооружена драма на клиниката. Воедно пукале и кон медицинска сестра, но за среќа таа не е погодена, открива Нетпрес 

Докторот кој бил ранет веднаш бил опериран и за среќа тој е надовор од животна опасност. 

Лекарите, пак, од Хирургија, наместо да побараат одговорност за инциднтот кај сторителите, вината ја лоцираат кај министерот за здравство, Никола Тодоров, од кого побараа итна оставка. А, во спротивно, доколку не им се испонело барањето, лекарите се заканија дека нема да оперираат на хируршките клиники.

 
 
09.11.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега