Научниците предупредуваат: Фејсбук не прави завидливи и ни го намалува друштвениот живот

Постојано им завидувате на другите, немате никаков друштвен живот, не може да се сконцентрирате? Сето тоа би можело да биде последица од Фејсбукот, предупредуваат данските научници, кои тврдат дека личностите кои поминале недела дена без оваа друштвена мрежа покажале завидно ниво на среќа.

„Го избравме Фејсбук бидејќи е друштвена мрежа која најмногу луѓе ја користат од сите возрасти“, објаснил за АФП Маик Викинг, директор од Институтот за истражување на среќа, чија студија опфатила 1.095 личности.

Доброволците биле поделени на две групи, од кои едната продолжила да користи Фејсбук, додека од другата група се барало да издржи барем една недела без Фејсбук.

После една недела личностите кои не користеле Фејсбук рекле дека се задоволни со животот. Од нив 88 отсто кажале дека се чувствуваат среќно, додека тоа исто чувство го делеле 81 отсто од другата група. Дека уживаат во животот рекле 84 проценти од оние кои апстинирале, односно 75 отсто зависници од Фејсбук.

Дека се незадоволни од својот живот изјавиле 12 отсто од луѓето кои не користеле Фејсбук, односно 20 отсто од оние кои и понатаму биле во контакт со Фејсбук.

На крајот од експериментот, апститентите изјавиле дека имаат богат социјален живот и помалку потешкотии во концентрацијата.

Корисниците на Фејсбук имаат 39 отсто повеќе шанси да се чувствуваат помалку среќни од личностите кои не ја користат оваа социјална мрежа.

Според неколку досегашни истражувања Данците се најсреќните луѓе во светот.

 
 
11.11.2015 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега