Каков е животот со натпросечна интелигенција?

Рик Бакас е генијалец. За тоа има и доказ - резултатите од тестовите за интелигенција кои ги има решавано.

Според нив, неговиот коефициент на интелигенција изнесува 160. Каков е животот на еден човек со толкава интелигенција?

Се чини, сосема нормален и не поразличен од оној на „останатите смртници“. Сепак, тој има неколку совети за другите вакви генијалци. 

Рик откри на „Квора“ дека како дете не покажувал знаци на екстремна интелигенција. Тој дури не бил ниту одличен ученик. Сега, тој нагласува дека е ист како и сите останати и дека секоја личност на светот е „генијалец“ на сопствен начин.

Според него, секој знае многу за нешто и е експерт за нешто. Рик денес има две успешни кариери - едната во дигитален маркетинг и брендирање, а другата сомнелиерство.

-Доколку имате коефициент на интелигенција над 160, првото правило е да не го споменувате тоа. Никому не му е грижа за тоа. Не фалете се. Не споменувајте им на колегите, пријателите или можните животни партнери. Забележав дека луѓето ме третираат поинаку откако го кажувам тој факт. Но, не како да сум попаметен, туку како да сум умислен. Тоа само создава јаз меѓу вас и останатите, советува Рик.

Што научил досега?

Рик во своите 45 години научил многу основни работи во животот. Пред сè, понизноста не е преценета. Потоа, најважната работа е блискоста меѓу луѓето.

Според него, љубовта е посилна од сè, особено од високиот коефициент на интелигенција.

 
 
11.11.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега