Секојдневно се миете заби, а ова не сте го занеле за пастата

Секојдневно користиме производи за хигиена, без да знаеме дека баш тие се извор на многу бактерии.

Дерматологот др Витно Бови и професорот по микробиологија и патологија др Филип Тиерно, открија детали за неколку хигиенски производи и нагласуваат дека нив никогаш не треба да ги делиме со другите.

Еве кои се тие:

- Сапун - микробите од кожата остануваат на него, па мора да се чува на суво. Доколку се остави во влажни услови, тој ќе стане извор на бактерии.

- Крпа - поради бактериите, се препорачува крпата да се пери на 95 степени, максимално после четвртото користење.

- Сунѓер за туширање - со оглед на тоа дека сунѓерите бавно се сушат, во нив има многу бактерии, па преку нивно користење лесно може да се фати некоја инфекција.

- Ноктарче - ноктите кријат разни заболувања, па не е паментна идеја да се користи без претходно да се исчисти со алкохол.

- Паста за заби - не предизвикува многу негативен ефект, но мора да се внимава кога ќе се става на четката. Обидете се четката да не ја допирате со амбалажата, бидејќи така на отворот ќе останат бактерии.

 

 
 
11.11.2015 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега