Пораки кои ќе ви го променат животот

Ако некогаш се почувствувате несреќно, треба да го прочитате овој текст. Прочитајте го и сега и тоа на глас.

Треба сите да знаеме дека сме многу посреќни од она што мислиме дека сме.

„Ако денес сте се разбудиле здрави, имате повеќе среќа од милион луѓе во светот кои нема живи да ја дочекаат следната недела“.

„Ако никогаш не сте преживеале војна, мачење или глад, посреќни сте од 500 милиони во светот“.

„Ако можете да отидете да се молите во храм, без страв од казна, посреќни сте од три милијарди луѓе во светот“.

„Ако во фрижидерот имате храна, облечени сте и имате покрив на главата и кревет во кој навечер спиете, имате повеќе среќа и побогати сте од 75 % од жителите на планетата Земја“.

„Ако го читате ова, не сте дел од 2-та милијарди луѓе кои се неписмени“.

„Ова го читате на вашиот компјутер или мобилен телефон, а тоа ве прави дел од 16-те проценти луѓе во светот кои имаат пристап до Интернет“.

 
 
13.11.2015 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега